Стар Завет

Нов Завет

Броеви (4 Moj.) 32:30-42 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

30. Ама ако не поминат вооружени со вас, нека добијат наследство меѓу вас во Ханаанската Земја.”

31. Гадовците и Рувимовците одговорија на тоа: „Што им рече Господ на твоите слуги, така ќе направиме.

32. Ние ќе отидеме вооружени пред Господа во Ханаанската Земја, но недвижниот имот на нашето наследство нека ни биде од оваа страна на Јордан.”

33. И така Мојсеј ним - на Гадовите синови, на Рувимовите синови и на половината од Манасиј, племето на синот Јосифов - им ги даде: царството на аморејскиот цар Сион и царството на васанскиот цар Ог; земјата со градовите во нивните меѓи, градовите на соседната земја.

34. Гадовите синови ги изградија: Девон, Атарот и Ароир,

35. Атрот-Софан, Јазир, Јогвеј,

36. Вет-Нимра и Вет-Аран, утврдени градови и огради за стадата.

37. Рувимовите синови ги изградија: Есевон, Елеалиј, Киријатаим,

38. Нево, Валмеон - на кои им ги изменија имињата - и Сивма. И им дадоа имиња на градовите што ги изградија.

39. Синовите на Махир, синот Манасиев, отидоа во Галад и го освоија, и ги протераа Аморејците кои беа таму.

40. Мојсеј му го предаде Галад на Манасиевиот син Махир и тој се насели во него.

41. А Манасиевиот син Јаир отиде па ги зазеде нивните села и ги нарече „Јаирови Села.”

42. Потоа Новах отиде и ги зазеде Кенат и неговите подрачја, па го нарече со своето име Новах.

Прочитајте целосна глава Броеви (4 Moj.) 32