Стар Завет

Нов Завет

Броеви (4 Moj.) 32:21-30 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

21. ако вие сите вооружени пребродите преку Јордан пред Господа додека Тој не ги растера пред Себе сите Свои непријатели,

22. тогаш, кога земјата ќе Му биде покорена на Господа, вие ќе можете да се вратите. Така ќе бидете ослободени од одговорноста кон Господа и кон Израел, а оваа земја ќе стане ваша сопственост пред Господа.

23. Но ако не направите така, ќе согрешите против Господа, и знајте дека ќе ве стигне казна за вашиот грев.

24. И така, соѕидајте градови за вашите деца и огради за вашиот добиток, но направите што ветивте.”

25. Гадовите синови и Рувимовите синови му одговорија на Мојсеја: „Твоите слуги ќе направат како што заповеда нашиот господар.

26. Нашите деца, нашите жени, нашите стада и сиот наш добиток, нека останат онаму во галадските градови,

27. а твоите слуги, сите кои се способни за бој, ќе тргнат пред Господа во војна, како што зборува нашиот господар.”

28. И Мојсеј им даде повелба за нив на свештеникот Елеазар, на Навиновиот син Исус и на главатарите на семејствата на израелевите племиња.

29. И Мојсеј им рече: „Ако Гадовите синови и Рувимовите синови, сите оние кои носат оружје, пребродат со вас преку Јордан за да војуваат пред Господа, и ако земјата ви биде покорена вам, тогаш дајте им ја Галадската Земја во сопственост.

30. Ама ако не поминат вооружени со вас, нека добијат наследство меѓу вас во Ханаанската Земја.”

Прочитајте целосна глава Броеви (4 Moj.) 32