Стар Завет

Нов Завет

Броеви (4 Moj.) 3:46-51 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

46. А за откупнина на двеста седумдесет и три израелски првороденци, што ги има повеќе од левитите,

47. земи по пет шекели на глава, земи ги според храмскиот шекел: дваесет гери - еден шекел.

48. Тогаш предај им ги тие сребреници на Арона и на неговите синови за откуп на оние што се отповеќе.”

49. Така Мојсеј ги прими сребрениците како откупнина за првенците што го надминуваа бројот на оние кои беа откупени од левитите.

50. Прими од Израелевите првороденци во сребро илјада триста шеесет и пет шекели според храмската мерка.

51. По Господов налог Мојсеј им го предаде среброто за откуп на Арона и на неговите синови, како што Господ му нареди на Мојсеја.

Прочитајте целосна глава Броеви (4 Moj.) 3