Стар Завет

Нов Завет

Броеви (4 Moj.) 3:37-49 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

37. Освен тоа, за столбовите околу дворот, за нивните подножја, за колчињата и за јажињата.

38. А оние што ќе ги поставуваат шаторите на предната страна, пред Шаторот на средбата на источната страна, да бидат Мојсеј, Арон и нивните синови, на кои им беше доверена служба во Светилиштето во име на Израелевите синови. Странец кој би се доближил, ќе биде погубен.

39. Сите избројани од левитите од еден месец нагоре, кои Мојсеј и Арон ги избројаа, по Господова заповед, по нивните родови, беа дваесет и две илјади.

40. Господ му рече на Мојсеја: „Преброј ги сите машки израелски првороденци од еден месец нагоре па изврши попис на нивните имиња.

41. И левитите додели Ми ги Мене - Јас Сум Господ - место сите израелски првенци, а левитскиот добиток место сите првородени на добитокот на Израелевите синови.”

42. Така Мојсеј ги изброја сите израелски првороденци, како што му заповеда Господ.

43. Во пописот имаше дваесет и две илјади и две стотини и седумдесет и три имиња на сите машки првенци од еден месец нагоре.

44. Тогаш Господ му рече на Мојсеја:

45. „Земи ги левитите место сите израелски првороденци, а левитскиот добиток место нивниот добиток; левитите нека бидат Мои. Јас Сум Господ.

46. А за откупнина на двеста седумдесет и три израелски првороденци, што ги има повеќе од левитите,

47. земи по пет шекели на глава, земи ги според храмскиот шекел: дваесет гери - еден шекел.

48. Тогаш предај им ги тие сребреници на Арона и на неговите синови за откуп на оние што се отповеќе.”

49. Така Мојсеј ги прими сребрениците како откупнина за првенците што го надминуваа бројот на оние кои беа откупени од левитите.

Прочитајте целосна глава Броеви (4 Moj.) 3