15. Освен секојдневната паленица, нека Му биде принесуван на Господа еден јарец како принос за грев, со неговата налевница.’
16. ‘Во првиот месец, на четиринаесеттиот ден во месецот е Господова Пасха,
17. а на петнаесеттиот ден на тој месец е празник. Седум дена нека се јадат бесквасни лебови.
18. На првиот ден нека биде свето собрание. Не работите никаква работа!
19. Принесете Му на Господа жртва-паленица: два јунци, еден овен и седум јагниња годиначиња. Нека ви бидат без недостаток.
20. Нивниот лебен принос, од најчисто брашно измешано со масло, нека биде: три десетини ефа на јунец, две десетини ефа на овен,
21. а на секое од оние седум јагниња нека биде по една десетина ефа.
22. И еден јарец во принос за грев, за ваше очистување.