Стар Завет

Нов Завет

Броеви (4 Moj.) 28:13-30 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

13. За секое јагне една десетина чисто брашно измешано со масло, како лебен принос. Тоа е паленица, жртва за пријатен мирис на Господа.

14. Нивните налевници нека бидат: на јунец половина ин вино; на овен третина ин; на јагне четвртина ин. Тоа е паленица при секоја млада месечина во секој месец на годината.

15. Освен секојдневната паленица, нека Му биде принесуван на Господа еден јарец како принос за грев, со неговата налевница.’

16. ‘Во првиот месец, на четиринаесеттиот ден во месецот е Господова Пасха,

17. а на петнаесеттиот ден на тој месец е празник. Седум дена нека се јадат бесквасни лебови.

18. На првиот ден нека биде свето собрание. Не работите никаква работа!

19. Принесете Му на Господа жртва-паленица: два јунци, еден овен и седум јагниња годиначиња. Нека ви бидат без недостаток.

20. Нивниот лебен принос, од најчисто брашно измешано со масло, нека биде: три десетини ефа на јунец, две десетини ефа на овен,

21. а на секое од оние седум јагниња нека биде по една десетина ефа.

22. И еден јарец во принос за грев, за ваше очистување.

23. Принесувајте го ова освен утринската паленица, што се принесува како секојдневна паленица.

24. Принесувајте така секој ден во текот на седумте денови; тоа е храна, палена жртва за благоугоден мирис на Господа. Нека се принесува тоа покрај секојдневната паленица и нејзината налевница.

25. На седмиот ден нека ви биде свето собрание. Не работите никаква работа!’

26. ‘И на Денот на првите плодови - на вашиот Празник на седмиците - кога ќе Му принесувате лебен принос на Господа, имајте свето собрание: не работите никаква работа.

27. За паленица за пријатен мирис на Господа принесете: два јунци, еден овен и седум едногодишни јагниња.

28. Нивниот лебен принос, од чисто брашно измешано со масло, нека биде: на секој јунец три десетини ефа; на секој овен две десетини ефа,

29. а на секое од оние седум јагниња - една десетина ефа.

30. И еден јарец во принос за грев, за ваше очистување.

Прочитајте целосна глава Броеви (4 Moj.) 28