Стар Завет

Нов Завет

Броеви (4 Moj.) 28:1-7 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. Господ му рече на Мојсеја:

2. „Нареди им на Израелевите синови и речи им: ‘Внимавајте да Ми ги принесувате во определено време Моите приноси: Мојот леб - паленици за Мене за благопријатен мирис.’

3. Речи им: ‘Ова се палени жртви што ќе Му ги принесувате на Господа: секој ден две едногодишни јагниња без недостаток како трајна паленица.

4. Принесувајте го едното јагне наутро, а другото јагне принесувајте го во примрак.

5. А за лебен принос: десетина ефа чисто брашно, измешано со четвртина ин масло.

6. Тоа е постојана паленица, што веќе беше принесена на Синајската Гора, за пријатен мирис, во жртва на Господа.

7. Нејзината налевница нека се состои од четвртина ин за секое јагне. Налевницата од вино нека се излева, во Светилиштето, на Господа.

Прочитајте целосна глава Броеви (4 Moj.) 28