Стар Завет

Нов Завет

Броеви (4 Moj.) 27:12-20 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

12. Господ му рече на Мојсеја:

13. „Искачи се на онаа гора - Аварим и разгледај ја земјата што им ја давам на Израелевите синови. А кога ќе ја разгледаш, ќе им се придружиш и ти на своите предци, како што им се придружи и твојот брат Арон.

14. Зашто при побуната на општеството во пустината Цин и се спротививте на Мојата уста, место да ја покажете, со водата, Мојата светост во нивните очи.” (Тоа се водите на Мерива кај Кадис во пустината Цин).

15. А Мојсеј Му проговори на Господа вака:

16. „Господ, Бог на духовите на секое тело, нека постави човек над ова општество,

17. кој ќе излегува пред него, кој ќе врви пред него, кој ќе го изведува и воведува, така што Господовата заедница да не биде како стадо што нема пастир.”

18. „Земи го Исуса, синот Навинов!” - Господ му рече на Мојсеја. „Тоа е човек во кого има Дух. Положи ја твојата рака на него!

19. Тогаш одведи го пред свештеникот Елеазар и пред целото општество, па дај му наредба пред нивните очи!

20. Предај му дел од твојата власт, за да го слуша целото општество на Израелевите синови.

Прочитајте целосна глава Броеви (4 Moj.) 27