43. Од сите родови на Самеевците беа запишани шеесет и четири илјади и четири стотини.
44. Асировите синови, по нивните родови: од Јамин родот на Јаминовците; од Јесуј родот на Јесуевците и од Вериј родот на Вериевците.
45. Од Вериините синови: од Ховер родот на Ховеровци и од Мелхил родот на Мелхиловци.
46. На Аировата ќерка името и беше Сара.
47. Тоа се родовите на Асировите синови. Нив ги запишаа педесет и три илјади и четири стотини.
48. Нефталимовите синови, по нивните родови: од Асил родот на Асиловци; од Гуниј родот на Гуниевци;
49. од Есер родот на Есеровци и од Селим родот на Селимовци.
50. Тоа се родовите на Нефталиевците. По нивните родови беа запишани четириесет и пет илјади и четири стотини.
51. И така, запишани Израелци имаше шест стотини и една илјада и седум стотини и триесет.
52. Господ му рече на Мојсеја:
53. „На овие нека им биде разделена земјата во наследство според бројот на нивните имиња.
54. На поголемиот број зголеми му го наследството, а на помалиот намали му го неговото наследство; секому нека му биде дадено неговото наследство според бројот на запишаните.
55. Но земјата нека биде поделена со жрепка; нека биде примена во наследство според дедовските племенски имиња.
56. Наследството ќе биде поделено со жрепка, на секое племе според неговата големина.”
57. Ова е попис на левитите, по нивните поколенија: од Гирсон родот на Гирсоновците; од Каат родот на Каатовци и од Мерариј родот на Мерариевци.