Стар Завет

Нов Завет

Броеви (4 Moj.) 26:1-16 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. После тоа зло Господ им рече на Мојсеја и на Елеазара, синот на свештеникот Арон:

2. „Извршете попис на сето општество на Израелевите синови, по нивните семејства, запишете ги сите, од дваесет години па нагоре, кои се способни за војна во Израел.”

3. И така, Мојсеј и свештеникот Елеазар ги изброија, во Моавските Полиња, покрај Јордан близу Ерихон,

4. сите од дваесет години па нагоре, како што Господ им нареди на Мојсеја и на Израелевите синови, кои излегоа од Египетската Земја:

5. Израелевиот првенец Рувим. Рувимови синови: од Енох родот на Еноховците; од Фалуј родот на Фалуевците;

6. од Асрон родот на Асроновците и од Хармиј родот на Хармиевците.

7. Тоа се Рувимовите родови. Нив ги имаше четириесет и три илјади и седум стотини и триесет.

8. Елијав беше Фалуев син,

9. а Елијавови синови: Намуил, Датан и Авирон. Овие: Датан и Аврион беа угледни членови на општеството, кое се подигна против Мојсеја и Арона во Кореевата буна, кога се побунија против Господа.

10. Тогаш земјата ја отвори својата утроба и ги проголта заедно со Кореј, кога смртта ја грабна таа група и кога огнот голтна двеста и педесет луѓе. Така станаа опомена за другите.

11. Но, Кореевите синови не загинаа.

12. Симеонови синови по нивните поколенија: од Намуил родот на Намуиловци; од Јамин родот на Јаминовците;

13. од Зара родот на Заринците и од Саул родот на Сауловците.

14. Тие се Симеоновите родови: дваесет и две илјади и двеста.

15. Гадовите синови по нивните родови: од Сифон родот на Сифоновци; од Агиј родот на Агиевци; од Суниј родот на Суниевците;

16. од Азен родот на Азеновците; од Ириј родот на Ириевците;

Прочитајте целосна глава Броеви (4 Moj.) 26