Стар Завет

Нов Завет

Броеви (4 Moj.) 25:5-15 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

5. Тогаш Мојсеј им рече на израелевите судии: „Нека секој ги погуби оние свои луѓе, кои се прилепија до Фегорскиот Ваал.”

6. Токму тогаш некој од Израелевите синови дојде и доведе една Мадијанка при своите браќа, пред очите на Мојсеја и пред очите на сето Израелско општество, кое заплака при влезот од Шаторот на средбата.

7. Кога Финес, синот Елеазаров, синот на свештеникот Арон, го забележа тоа, стана пред заедницата: зеде копје во раката

8. и тргна по Израелецот, во лежиштето, и ги прободе двата, Израелецот и жената; неа низ слабините, па прекрати поморот на Израелевите синови.

9. А тие кои изумреа од поморот беа дваесет и четири илјади.

10. Господ му рече на Мојсеја:

11. „Финес, синот Елеазаров, синот на свештеникот Арон, ја одврати Мојата јарост од Израелевите синови, зашто покажа ревност за Мене, и Јас не ги истребив Израелевите синови во Мојата ревност.

12. И така кажи му: ‘Еве, со него склучувам завет на мир.

13. Тоа нека биде за него и за неговите потомци, после него, завет на вечно свештенство, зашто ревнуваше за својот Бог и ги застапи Израелевите синови.’”

14. Името на Израелецот кој беше убиен - на оној кој беше погубен заедно со Мадијанката - беше Зимриј, син на Салу, началник на еден татковски дом на Симеоновците.

15. А името на убиената жена Мадијанка и беше Хазвија. Беше Сурова ќерка. Сур беше родовски главатар на едно семејство во Мадијан.

Прочитајте целосна глава Броеви (4 Moj.) 25