Стар Завет

Нов Завет

Броеви (4 Moj.) 25:1-5 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. Додека Израел живееше во Ситим, народот почна да блудствува со Моавските ќерки.

2. Тие го повикуваа народот на жртвувањата на своите богови, а народот јадеше на нивните гозби и им се поклонуваше на нивните богови.

3. Така Израел се прилепи до Фегорскиот Ваал. И Господ пламна со гнев против Израел.

4. „Собери ги сите народни началници - му рече Господ на Мојсеја. Обеси ги пред Господа на бел ден, за да се одврати Господовиот гнев од Израел.”

5. Тогаш Мојсеј им рече на израелевите судии: „Нека секој ги погуби оние свои луѓе, кои се прилепија до Фегорскиот Ваал.”

Прочитајте целосна глава Броеви (4 Moj.) 25