Стар Завет

Нов Завет

Броеви (4 Moj.) 25:1-12 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. Додека Израел живееше во Ситим, народот почна да блудствува со Моавските ќерки.

2. Тие го повикуваа народот на жртвувањата на своите богови, а народот јадеше на нивните гозби и им се поклонуваше на нивните богови.

3. Така Израел се прилепи до Фегорскиот Ваал. И Господ пламна со гнев против Израел.

4. „Собери ги сите народни началници - му рече Господ на Мојсеја. Обеси ги пред Господа на бел ден, за да се одврати Господовиот гнев од Израел.”

5. Тогаш Мојсеј им рече на израелевите судии: „Нека секој ги погуби оние свои луѓе, кои се прилепија до Фегорскиот Ваал.”

6. Токму тогаш некој од Израелевите синови дојде и доведе една Мадијанка при своите браќа, пред очите на Мојсеја и пред очите на сето Израелско општество, кое заплака при влезот од Шаторот на средбата.

7. Кога Финес, синот Елеазаров, синот на свештеникот Арон, го забележа тоа, стана пред заедницата: зеде копје во раката

8. и тргна по Израелецот, во лежиштето, и ги прободе двата, Израелецот и жената; неа низ слабините, па прекрати поморот на Израелевите синови.

9. А тие кои изумреа од поморот беа дваесет и четири илјади.

10. Господ му рече на Мојсеја:

11. „Финес, синот Елеазаров, синот на свештеникот Арон, ја одврати Мојата јарост од Израелевите синови, зашто покажа ревност за Мене, и Јас не ги истребив Израелевите синови во Мојата ревност.

12. И така кажи му: ‘Еве, со него склучувам завет на мир.

Прочитајте целосна глава Броеви (4 Moj.) 25