Стар Завет

Нов Завет

Броеви (4 Moj.) 23:4-15 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

4. И Бог го сретна Валаама, кој му рече: „Подигнав седум жртвеници и принесов на секој по еден јунец и по еден овен.”

5. А Господ положи зборови во устата на Валаама и му заповеда: „Врати се кај Валака и зборувај вака.”

6. Валаам се врати кај него, а тој стоеше покрај својата паленица, и со него сите моавски кнезови.

7. Тогаш тој ја почна својата песна и рече: „Од Арам ме доведе Валак, царот на Моав, од источните планини, велејќи: ‘Дојди, проколни ми го Јакова, Дојди, изречи зло против Израел!’

8. Како можам да го проколнам кого Бог не го проколнува? Како да изречам зло? Кога Господ не му изречува?

9. Зошто јас го гледам од врвот на карпите, Го набљудувам од високиот брег: ете, народ, кој живее одвоено, тој не се вбројува меѓу народите.

10. Кој ќе го преброи Јакововиот песок бројот на четвртиот дел на Израел! О да се надевам дека ќе умрам со смртта на преведник! И мојот свршеток да биде како нивниот!”

11. „Што ми стори! - му рече Валак на Валаама. Те доведов да ги проколнеш моите непријатели, а кога ете, ти ги опсипа со благослови!”

12. Тој одговори: „Зар не ми е должност да го кажам она што Господ го става во мојата уста?”

13. „Ајде со мене на друго место, откаде можеш да го видиш сиот - го замоли Валак. Оттука му го гледаш само едниот крај, а не го гледаш сиот. Проколни ми го оттаму!”

14. Потоа го поведе во Седе-Зофим, на врвот Фасга. Тука изгради седум жртвеници и на секој жртвеник принесе по еден јунец и по еден овен.

15. Тогаш Валаам му рече на Валака: „Стој тука покрај твојата паленица, а јас одам онаму во пресрет на Бога.”

Прочитајте целосна глава Броеви (4 Moj.) 23