Стар Завет

Нов Завет

Броеви (4 Moj.) 23:16-25 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

16. Господ го сретна Валаама; му стави зборови во неговата уста и му заповеда: „Врати се кон Валака и зборувај така!”

17. И тој се врати при Валака, кој стоеше покрај својата паленица и моавските кнезови со него. Валак го праша: „Што рече Господ?”

18. Тогаш Валаам ја почна својата песна и рече: „Стани, Валаку, и послушај! Послушај ме со увото, Сефоров сине!

19. Бог не е човек па да лаже, не е човечки син за да се кае, зар Тој кога ќе рече, и не ќе направи? Зар ветува, па не исполнува?

20. Ете, јас почнав да благословувам, зашто Тој благослови, и јас не можам да го сменам тоа.

21. Не видов неправда во Јаков, ниту видов престап во Израел; Господ, неговиот Бог, е со него, и царско воскликнување има меѓу него.

22. Бог го изведе од Египет, тој му е нему како биволски рогови.

23. Нема волшебства против Јакова ниту вражања против Израел. И кога ќе им речат на Јаков и на Израел: ‘Што прави Бог?’

24. Ете, народот ќе стане како лавица, ќе се крене како лав: нема да легне додека не го проголта пленот, додека не ја испие крвта на убиените.”

25. Потоа Валак му рече на Валаама: „Не проколнувај го ни со клетва, но не благословувај го ни со благослов.”

Прочитајте целосна глава Броеви (4 Moj.) 23