Стар Завет

Нов Завет

Броеви (4 Moj.) 23:12-28 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

12. Тој одговори: „Зар не ми е должност да го кажам она што Господ го става во мојата уста?”

13. „Ајде со мене на друго место, откаде можеш да го видиш сиот - го замоли Валак. Оттука му го гледаш само едниот крај, а не го гледаш сиот. Проколни ми го оттаму!”

14. Потоа го поведе во Седе-Зофим, на врвот Фасга. Тука изгради седум жртвеници и на секој жртвеник принесе по еден јунец и по еден овен.

15. Тогаш Валаам му рече на Валака: „Стој тука покрај твојата паленица, а јас одам онаму во пресрет на Бога.”

16. Господ го сретна Валаама; му стави зборови во неговата уста и му заповеда: „Врати се кон Валака и зборувај така!”

17. И тој се врати при Валака, кој стоеше покрај својата паленица и моавските кнезови со него. Валак го праша: „Што рече Господ?”

18. Тогаш Валаам ја почна својата песна и рече: „Стани, Валаку, и послушај! Послушај ме со увото, Сефоров сине!

19. Бог не е човек па да лаже, не е човечки син за да се кае, зар Тој кога ќе рече, и не ќе направи? Зар ветува, па не исполнува?

20. Ете, јас почнав да благословувам, зашто Тој благослови, и јас не можам да го сменам тоа.

21. Не видов неправда во Јаков, ниту видов престап во Израел; Господ, неговиот Бог, е со него, и царско воскликнување има меѓу него.

22. Бог го изведе од Египет, тој му е нему како биволски рогови.

23. Нема волшебства против Јакова ниту вражања против Израел. И кога ќе им речат на Јаков и на Израел: ‘Што прави Бог?’

24. Ете, народот ќе стане како лавица, ќе се крене како лав: нема да легне додека не го проголта пленот, додека не ја испие крвта на убиените.”

25. Потоа Валак му рече на Валаама: „Не проколнувај го ни со клетва, но не благословувај го ни со благослов.”

26. Валаам му одговори на Валака: „Зар не ти реков: ‘Сè што ќе рече Господ, тоа ќе правам.’”

27. Потоа Валак му рече на Валаама: „Дојди! Ќе те одведам на друго место. Можеби на Бога ќе Му биде право да ми го проколнеш оттаму.”

28. И Валак го одведе Валаама на врвот Фегора, откаде се тегне глетка кон Јешимон (Пустина на Јуда).

Прочитајте целосна глава Броеви (4 Moj.) 23