Стар Завет

Нов Завет

Броеви (4 Moj.) 23:1-12 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. И Валаам му рече на Валака: „Направи ми тука седум жртвеници; приготви ми тука седум јунци и седум овни.”

2. Валак направи како што му рече Валаам. А потоа Валак и Валаам принесоа по еден јунец и по еден овен на секој жртвеник.

3. Потоа Валаам му рече на Валака: „Ти стој кај твојата паленица, а јас одам можеби да се сретнам со Господа, па што ќе ми открие, ќе ти кажам.” И тој отиде на високо осамено место.

4. И Бог го сретна Валаама, кој му рече: „Подигнав седум жртвеници и принесов на секој по еден јунец и по еден овен.”

5. А Господ положи зборови во устата на Валаама и му заповеда: „Врати се кај Валака и зборувај вака.”

6. Валаам се врати кај него, а тој стоеше покрај својата паленица, и со него сите моавски кнезови.

7. Тогаш тој ја почна својата песна и рече: „Од Арам ме доведе Валак, царот на Моав, од источните планини, велејќи: ‘Дојди, проколни ми го Јакова, Дојди, изречи зло против Израел!’

8. Како можам да го проколнам кого Бог не го проколнува? Како да изречам зло? Кога Господ не му изречува?

9. Зошто јас го гледам од врвот на карпите, Го набљудувам од високиот брег: ете, народ, кој живее одвоено, тој не се вбројува меѓу народите.

10. Кој ќе го преброи Јакововиот песок бројот на четвртиот дел на Израел! О да се надевам дека ќе умрам со смртта на преведник! И мојот свршеток да биде како нивниот!”

11. „Што ми стори! - му рече Валак на Валаама. Те доведов да ги проколнеш моите непријатели, а кога ете, ти ги опсипа со благослови!”

12. Тој одговори: „Зар не ми е должност да го кажам она што Господ го става во мојата уста?”

Прочитајте целосна глава Броеви (4 Moj.) 23