Стар Завет

Нов Завет

Броеви (4 Moj.) 22:8-17 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

8. Тој им рече: „Ноќевајте тука, па ќе ви одговорам според она што ќе ми каже Господ.” Така моавските управители останаа кај Валаама.

9. Бог дојде при Валаама и праша: „Кои се тие луѓе со тебе?”

10. Валаам Му одговори на Бога: „Валак, Сефоровиот син, ги испрати кај мене со порака:

11. ‘Еве, еден народ дошол од Египет и го покри лицето на земјата. Дојди да го проколнеш. Така ќе можам да го совладам и да ги истерам.’”

12. Но Бог му рече на Валаама: „Не оди со нив! Не проколнувај го оној народ, зашто е благословен.”

13. Наутро Валаам стана и им рече на Валаковите кнезови: „Одете си во вашата земја, зашто Господ не ме остава да тргнам со вас.”

14. Моавските кнезови станаа, отидоа кај Валака и му рекоа: „Валаам не сакаше да тргне со нас.”

15. Валак пак испрати кнезови, помногубројни и поугледни од првите.

16. Тие дојдоа кај Валаама и му рекоа: „Валак, синот Сефоров, порача вака: ‘Не двоуми се, туку дојди при мене.

17. Ќе те наградам богато и ќе направам сè што ќе речеш. Дојди, те молам, и проколни ми го овој народ!’”

Прочитајте целосна глава Броеви (4 Moj.) 22