Стар Завет

Нов Завет

Броеви (4 Moj.) 22:10-13 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

10. Валаам Му одговори на Бога: „Валак, Сефоровиот син, ги испрати кај мене со порака:

11. ‘Еве, еден народ дошол од Египет и го покри лицето на земјата. Дојди да го проколнеш. Така ќе можам да го совладам и да ги истерам.’”

12. Но Бог му рече на Валаама: „Не оди со нив! Не проколнувај го оној народ, зашто е благословен.”

13. Наутро Валаам стана и им рече на Валаковите кнезови: „Одете си во вашата земја, зашто Господ не ме остава да тргнам со вас.”

Прочитајте целосна глава Броеви (4 Moj.) 22