Стар Завет

Нов Завет

Броеви (4 Moj.) 21:6-9 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

6. Тогаш Господ испрати лути змии против народот; тие ги каснуваа, така што изумре многу народ во Израел.

7. Народот дојде при Мојсеја и рече: „Згрешивме кога зборувавме против Господа и против тебе. Помоли Му се на Господа да ги отстрани змиите од нас!” Мојсеј се помоли за народот,

8. и Господ му рече на Мојсеја: „Направи отровница и стави ја на столб: секој кој ќе биде каснат, ќе остане жив ако ја погледне.”

9. Мојсеј направи змија од бронза и ја стави на столб. Кога лутицата ќе каснеше некого, ќе погледнеше во бронзената змија и оздравуваше.

Прочитајте целосна глава Броеви (4 Moj.) 21