Стар Завет

Нов Завет

Броеви (4 Moj.) 20:22-29 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

22. Запатувајќи се од Кадис, Израелевите синови стигнаа, сета заедница, до планината Ор.

23. Кај гората Ор, покрај едомската меѓа, Господ им рече на Мојсеја и на Арона:

24. „Арон нека им се придружи на своите луѓе! Нема да влезе во земјата што им ја давам на Израелевите синови, зашто се спротививте на Мојата заповед кај Меривските Води.

25. Земи ги: Арона и сина му Елеазар, па изведи ги на гората Ор.

26. И соблечи му ја на Арона неговата облека и облечи го во неа неговиот син Елеазар. Арон ќе им се придружи на своите луѓе, ќе умре таму.”

27. Мојсеј направи како што нареди Господ. Се искачија на Ор пред целото општество.

28. Мојсеј ја соблече од Арона неговата облека и му ја облече на неговиот син Елеазар. Арон почина таму, на врвот на гората. А Мојсеј и Елеазар слегоа од гората.

29. Целото општество виде дека Арон почина, и сиот Израелев дом го оплакуваше Арона триесет денови.

Прочитајте целосна глава Броеви (4 Moj.) 20