26. Неговата војска брои шеесет и две илјади и седум стотини.
27. До него нека постави логор Асировото племе. Началник на Асировите потомци е Фагаил, синот Ехранов.
28. Неговата војска брои четириесет и една илјада и пет стотини запишани.
29. Потоа Нефталимовото племе. Началник на Нефталимовите потомци е Ахиреј, синот Енанов.
30. Неговата војска брои педесет и три илјади и четири стотини запишани.
31. Сите запишани во Дановиот логор се сто педесет и седум илјади и шест стотини. Тие нека тргнуваат последни под своите знамиња.”