16. По нивните чети, сите избројани во Рувимовиот логор се сто педесет и една илјада и четири стотини и педесет. Тие нека тргнуваат втори!
17. Потоа нека оди Шаторот на средбата, така што левитскиот логор да биде во средина на другите логори. Како што ги оптегнуваат шаторите, така се должни и да одат: секој под своето знаме.
18. На запад, знамето на Ефремовиот логор, по нивните чети. Главатар на Ефремовите потомци е Елисам, синот Емиудов.
19. Неговата војска брои четириесет илјади и пет стотини запишани.
20. До него е Манасиевото племе. Главатар на Манасиевите потомци е Гамалиил, синот Федасуров.
21. Неговата војска брои триесет и две илјади и двеста избројани.
22. Потоа Венијаминовото колено. Главатар на Венијаминовите потомци е Авидан, синот Гадеониев.
23. Неговата војска брои триесет и пет илјади и четири стотини избројани.
24. По нивните чети, сите избројани во Ефремовиот логор се сто и осум илјади и сто. Тие нека тргнуваат трети!
25. На север, знамето на Дановиот логор, по нивните чети. Главатар на Дановите потомци е Ахиезер, синот Амисадаев.