Стар Завет

Нов Завет

Броеви (4 Moj.) 2:10-28 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

10. На југ е знамето на Рувимовиот логор, по нивните чети. Главатар на Рувимовите потомци е Елисур, синот Седнуров.

11. Неговата војска брои четириесет и шест илјади и пет стотини запишани.

12. До него нека ги оптегнува шаторите Симеоновото племе. Началник на Симеоновите потомци е Саламил, синот Сурисадаев.

13. Неговата војска брои педесет и девет илјади и три стотини запишани.

14. Потоа Гадовото племе. Началник на Гадовите потомци е Елисаф, синот Рагуилов.

15. Неговото воинство брои четириесет и пет илјади и шест стотини и педесет запишани.

16. По нивните чети, сите избројани во Рувимовиот логор се сто педесет и една илјада и четири стотини и педесет. Тие нека тргнуваат втори!

17. Потоа нека оди Шаторот на средбата, така што левитскиот логор да биде во средина на другите логори. Како што ги оптегнуваат шаторите, така се должни и да одат: секој под своето знаме.

18. На запад, знамето на Ефремовиот логор, по нивните чети. Главатар на Ефремовите потомци е Елисам, синот Емиудов.

19. Неговата војска брои четириесет илјади и пет стотини запишани.

20. До него е Манасиевото племе. Главатар на Манасиевите потомци е Гамалиил, синот Федасуров.

21. Неговата војска брои триесет и две илјади и двеста избројани.

22. Потоа Венијаминовото колено. Главатар на Венијаминовите потомци е Авидан, синот Гадеониев.

23. Неговата војска брои триесет и пет илјади и четири стотини избројани.

24. По нивните чети, сите избројани во Ефремовиот логор се сто и осум илјади и сто. Тие нека тргнуваат трети!

25. На север, знамето на Дановиот логор, по нивните чети. Главатар на Дановите потомци е Ахиезер, синот Амисадаев.

26. Неговата војска брои шеесет и две илјади и седум стотини.

27. До него нека постави логор Асировото племе. Началник на Асировите потомци е Фагаил, синот Ехранов.

28. Неговата војска брои четириесет и една илјада и пет стотини запишани.

Прочитајте целосна глава Броеви (4 Moj.) 2