Стар Завет

Нов Завет

Броеви (4 Moj.) 2:1-18 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. Господ им рече на Мојсеја и Арона:

2. „Израелците нека ги оптегнуваат своите шатори секој при своето знаме, под знаците на својот татковски дом; нека ги поставуваат околу Шаторот на средбата, но малку подалеку.

3. Однапред, на источната страна, знамето на Јудиниот логор, по нивните чети. Главатар на Јудините потомци е Насон, синот Аминадавов.

4. Неговата војска брои седумдесет и четири илјади и шест стотини избројани.

5. Исахаровото племе нека ги постави шаторите до него. Началник на Исахаровите потомци е Натанаил, синот Согаров.

6. Неговата војска брои педесет и четири илјади и четири стотини запишани.

7. Натаму Завулоновото племе. Началник на Завулоновите потомци е Елијав, синот Хелонов.

8. Неговото воинство брои педесет и седум илјади и четири стотини запишани.

9. По нивните чети, сите запишани во Јудиниот логор се сто осумдесет и шест илјади и четири стотини. Тие нека тргнуваат први!

10. На југ е знамето на Рувимовиот логор, по нивните чети. Главатар на Рувимовите потомци е Елисур, синот Седнуров.

11. Неговата војска брои четириесет и шест илјади и пет стотини запишани.

12. До него нека ги оптегнува шаторите Симеоновото племе. Началник на Симеоновите потомци е Саламил, синот Сурисадаев.

13. Неговата војска брои педесет и девет илјади и три стотини запишани.

14. Потоа Гадовото племе. Началник на Гадовите потомци е Елисаф, синот Рагуилов.

15. Неговото воинство брои четириесет и пет илјади и шест стотини и педесет запишани.

16. По нивните чети, сите избројани во Рувимовиот логор се сто педесет и една илјада и четири стотини и педесет. Тие нека тргнуваат втори!

17. Потоа нека оди Шаторот на средбата, така што левитскиот логор да биде во средина на другите логори. Како што ги оптегнуваат шаторите, така се должни и да одат: секој под своето знаме.

18. На запад, знамето на Ефремовиот логор, по нивните чети. Главатар на Ефремовите потомци е Елисам, синот Емиудов.

Прочитајте целосна глава Броеви (4 Moj.) 2