Стар Завет

Нов Завет

Броеви (4 Moj.) 19:13-22 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

13. Кој ќе се допре до мртовец, до тело на умрен човек, а не се измие, го осквернува Господовиот Шатор. Таквиот нека биде истребен од Израел. Бидејќи не беше полиен со вода за очистување; нечист е; неговата нечистота е на него.”

14. „Ова е закон кога некој ќе умре во шатор: секој кој ќе влезе во шаторот и секој кој е во шаторот, нека биде нечист седум дена.

15. Секој отворен сад што не ќе биде покриен со поклопец, нека биде нечист.

16. А на отворено поле, кој ќе се допре до загинат од меч, или до мртовец, или до човечки коски, или до гроб, нека биде нечист седум дена.

17. За оној што станал нечист нека биде земена пепел од животното изгорено во жртва за грев, и - во некаков сад - нека налеат врз неа жива вода.

18. Тогаш чист човек нека земе босилек, нека го накваси во водата и нека ги попрска: шаторот, сите садови, луѓето кои беа тука и оној, кој се допрел до коските или до убиениот или до умрениот или до гробот.

19. Чистиот човек нека го попрскува нечистиот на третиот и на седмиот ден. Така ќе го очисти на седмиот ден. Тогаш тој нека ја испере својата облека, нека се измие во водата и нека биде чист навечер.”

20. „А ако некој биде нечист и не се очисти, нека биде истребен од општеството зашто го онечистил Господовото светилиште; не бил полиен со вода за очистување; нечист е!

21. И ова нека им биде вечен закон: и оној кој прскаше со водата за очистување, нека ја испере својата облека; и оној што ја допрел водата за очистување, нека биде нечист до вечерта.

22. До што и да се допре нечистиот нека биде нечисто; а човекот што ќе се допре до него, нека биде нечист до вечер.”

Прочитајте целосна глава Броеви (4 Moj.) 19