Стар Завет

Нов Завет

Броеви (4 Moj.) 16:6-14 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

6. Направете вака: земете кадилници, Кореј и сите негови содружници;

7. утре ставете во нив оган и посипете одозгора темјан пред Господа. Кого Господ ќе го избере, тој нека биде свет. Вие ја преминувате мерата, синови Левиеви.”

8. Потоа Мојсеј му рече на Кореј: „Почујте, Левиеви синови!

9. Зар ви е малку што Израелевиот Бог ве издвои од Израелевото општество, за да ве приближи кон Себе за да ја вршите службата во Господовиот Шатор, и да стоите пред заедницата служејќи и?

10. Те доближи тебе и со тебе сите твои браќа, Левиеви синови; а вие уште барате и свештенство!

11. Ти и сета твоја дружина, така, се собравте против Господа; зашто кој е Арон за да викате против него?”

12. Потоа Мојсеј испрати по Датан и Авирон, синовите Елијавови, но тие одговорија: „Не доаѓаме!

13. Зар е малку што нè изведе од земјата во која течат мед и млеко за да нè погубиш во пустинава; па сакаш насилно да загосподариш над нас?

14. Не нè воведе во земја во која течат мед и млеко и не ни даде во наследство ниви и лозови насади! Сакаш ли да им ги ослепиш очите на луѓево! Не доаѓаме!”

Прочитајте целосна глава Броеви (4 Moj.) 16