Стар Завет

Нов Завет

Броеви (4 Moj.) 16:39-50 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

39. Така свештеникот Елеазар ги зеде бронзените кадилници што ги принесоа оние кои изгореа; ги прековаа во плочки за обложување на жртвеникот.

40. Тие се опомена за Израелевите синови дека никој неповикан - никој кој не е од Ароновото поколение - не смее да се приближи да пали темјан пред Господа, за да не му се случи како на Кореј и на неговата дружина, според она што Господ му кажа преку Мојсеја.

41. Утреден целото општество на Израелевите синови возропта против Мојсеја и Арона: „Го истепавте Господовиот народ!” зборуваа.

42. Додека заедницата се собираше против Мојсеја и Арона, тие се свртија кон Шаторот на средбата, и ете, облак го покри и Господовата слава се јави.

43. Тогаш Мојсеј и Арон отидоа пред Шаторот на средбата.

44. И Господ му рече на Мојсеја:

45. „Оддалечете се од заедницата; ќе ги погубам во еден миг!” Но тие паднаа на своите лица.

46. Потоа Мојсеј му рече на Арона: „Земи кадилница, стави оган од жртвеникот во неа, сложи темјан и побрзај до заедницата, па застапи се за неа, зашто Господовиот гнев избувна, и злото почна!”

47. Арон зеде што му рече Мојсеј и отрча среде собранието, а кога таму: поморот почнал веќе меѓу народот.

48. Потоа застана меѓу мртвите и живите, и злото запре.

49. Од тоа зло беа четиринаесет илјади и седум стотини мртви, освен оние кои загинаа заради Кореј.

50. Арон се врати кај Мојсеја, кон влезот на Шаторот на средбата: и поморот запре.

Прочитајте целосна глава Броеви (4 Moj.) 16