Стар Завет

Нов Завет

Броеви (4 Moj.) 16:12-19 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

12. Потоа Мојсеј испрати по Датан и Авирон, синовите Елијавови, но тие одговорија: „Не доаѓаме!

13. Зар е малку што нè изведе од земјата во која течат мед и млеко за да нè погубиш во пустинава; па сакаш насилно да загосподариш над нас?

14. Не нè воведе во земја во која течат мед и млеко и не ни даде во наследство ниви и лозови насади! Сакаш ли да им ги ослепиш очите на луѓево! Не доаѓаме!”

15. Мојсеј се налути многу и Му рече на Господа: „Не обѕрнувај се на нивните приноси! Не присвоив ниту едно нивно осле, ниту оштетив некого од нив.”

16. Потоа Мојсеј му рече на Кореј: „Ти и сета твоја дружина истапете утре пред Господа; ти и тие, и Арон.

17. Секој нека ја земе својата кадилница, нека стави темјан во неа и секој нека ја донесе својата кадилница пред Господа - двеста и педесет кадилници. А и ти и Арон донесете ја секој својата кадилница.”

18. Секој ја зеде својата кадилница, стави оган во неа, потоа одозгора посипа темјан и застана, со Мојсеја и Арона, кај влезот во Шаторот на средбата.

19. Кога - спроти нив - Кореј го собра целото општество при влезот во Шаторот на средбата, тогаш Господовата слава и се покажа на сета заедница.

Прочитајте целосна глава Броеви (4 Moj.) 16