Стар Завет

Нов Завет

Броеви (4 Moj.) 15:29-41 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

29. Кога некој ќе згреши од невнимание, нека ви важи еден закон и за домородецот и за странецот, кој живее среде вас.

30. Но оној кој направи нешто волно, било да е роден во татковината или странец, тој хули на Господа. Таквиот нека биде истребен од својот народ,

31. зашто го презре Господовото слово и ја прекрши Неговата заповед. Таквиот нека биде истребен. Неговата вина нека падне на него!’”

32. Кога Израелевите синови беа во пустината, најдоа човек како бере дрва во саботен ден.

33. И тие, кои го најдоа дека бере дрва, го доведоа при Мојсеја и Арона и при целото општество.

34. Го ставија под стража, зашто уште не беше одредено што треба да се прави со него.

35. „Човекот треба да биде погубен! - му рече Господ на Мојсеја. Сето општество нека го затрупа со камења надвор од логорот.”

36. Целата заедница го изведе надвор од логорот и го каменува, и тој загина, како што Господ му заповеда на Мојсеја.

37. Господ му рече на Мојсеја:

38. „Зборувај им на Израелевите синови и речи им: Нека прават реси на рабовите на своите облеки, од род до род; а за ресата на секој раб нека врзуваат сина врвца.

39. Ќе имате реси за да ве потсетува погледот врз нив на сите Господови заповеди. Исполнувајте ги, а не се занесувајте со своето срце и со своите очи што толку лесно ве заведуваат во неверие.

40. Така ќе си спомнувате за сите Мои заповеди, ќе ги исполнувате и ќе бидете свети пред вашиот Бог.

41. Јас Сум Господ, вашиот Бог, Кој ве изведе од Египетската Земја за да ви бидам Бог. Јас, Господ, вашиот Бог.”

Прочитајте целосна глава Броеви (4 Moj.) 15