Стар Завет

Нов Завет

Броеви (4 Moj.) 15:25-34 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

25. И свештеникот ќе направи покривање на гревот за целото општество на Израелевите синови, па ќе им биде простено; зашто тоа беше грешка, а тие го принесоа својот дар - палена жртва на Господа - и принос за грев пред Господа за своето невнимание.

26. Ќе и биде простено на сета израелска заедница, а така и на странецот, кој живее среде нив, зашто целиот народ згреши од незнаење.’

27. ‘Ако згреши поединец од незнаење, нека принесе едно женско јаре годиначе како жртва за грев.

28. И свештеникот ќе направи покривање на гревот за човекот, кој згрешил неволно од незнаење, и ќе биде чист, и ќе му биде простено.

29. Кога некој ќе згреши од невнимание, нека ви важи еден закон и за домородецот и за странецот, кој живее среде вас.

30. Но оној кој направи нешто волно, било да е роден во татковината или странец, тој хули на Господа. Таквиот нека биде истребен од својот народ,

31. зашто го презре Господовото слово и ја прекрши Неговата заповед. Таквиот нека биде истребен. Неговата вина нека падне на него!’”

32. Кога Израелевите синови беа во пустината, најдоа човек како бере дрва во саботен ден.

33. И тие, кои го најдоа дека бере дрва, го доведоа при Мојсеја и Арона и при целото општество.

34. Го ставија под стража, зашто уште не беше одредено што треба да се прави со него.

Прочитајте целосна глава Броеви (4 Moj.) 15