12. колку и да ги принесете, направете така за секое одделно, според нивниот број.
13. Секој роден во татковината нека постапува вака, кога принесува палена жртва за пријатен мирис на Господа.
14. И ако некој туѓинец, кој живее среде вас, или ќе биде среде вашите потомци, посака да принесе паленица за благоугоден мирис на Господа, нека прави така како што правите и вие.
15. Нека е еден закон и за вас и за туѓинецот, кој живее среде вас. Тоа е вечен закон за вашите поколенија: пред Господа, како што е со вас, така нека биде и со странецот, кој живее среде вас.
16. Еден закон и една заповед да е за вас и за туѓинецот кој е придојден меѓу вас.’”
17. Господ му рече на Мојсеја:
18. „Зборувај им на Израелевите синови и речи им: ‘Кога ќе дојдете во земјата во која ве водам,
19. и кога ќе го јадете лебот на таа земја, принесете Му воздигнат принос на Господа.
20. Како првина од своето тесто принесете еден колач како воздигнат принос; принесете го како и воздигнат принос од гумното.
21. Од првините на своето тесто давајте Му на Господа воздигнат принос од поколение до поколение.’
22. ‘Ако згрешите неволно и не исполнувате некоја од заповедите што Господ ги соопшти преку Мојсеја -