Стар Завет

Нов Завет

Броеви (4 Moj.) 14:19-28 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

19. Прости му го гревот на овој народ, по Твојата голема милост, како што му проштаваше на овој народ од Египет дотука.”

20. „Им проштавам, на твојот збор - рече Господ.

21. Но Јас Сум жив и со Господовата слава е полна целата земја!

22. Сите кои ги видоа: Мојата слава и знаците што ги направив во Египет и во пустината, па сепак ме искушуваа десетпати не сакајќи да го послушаат Мојот глас,

23. нема да ја видат земјата што со заклетва им ја ветив на нивните татковци; сите, кои Ме презираат, нема да ја видат.

24. А Мојот слуга Халев, зашто во него беше инаков дух и зашто ми беше послушен, Јас ќе го воведам него во земјата во која влезе, и неговите потомци ќе ја наследат! (Амаликците и Ханаанците живеат во долината).

25. Вратете се утре и тргнете кон Црвеното Море.”

26. Уште Господ им рече на Мојсеја и Арона:

27. „До кога тоа лукаво општество ќе ропта против Мене? Ги чув оптужбите што Израелевите синови ги подигаат против Мене.

28. Кажи им: ‘Жив Сум Јас, вели Господ, како што зборувавте во Моите уши, така и ќе ви сторам.

Прочитајте целосна глава Броеви (4 Moj.) 14