Стар Завет

Нов Завет

Броеви (4 Moj.) 10:32-36 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

32. Ако тргнеш со нас ќе ги делиме, со тебе, добрините што Господ ќе ни ги додели.”

33. Од Господовата Гора патуваа три дни одење. Ковчегот на Господовиот Завет одеше пред нив во текот на трите дни на одењето за да им побара место за починка.

34. Дење пак Господовиот облак беше над нив кога тргнуваа од логорот.

35. Кога тргнуваше Ковчегот, Мојсеј велеше: „Стани, Господи, и ќе се распрснат Твоите непријатели! Ќе избегаат пред Тебе, кои Те мразат!”

36. А кога застануваше, велеше: „Врати се, о, Господи, кон Израелевите илјади и десетиците илјади!”

Прочитајте целосна глава Броеви (4 Moj.) 10