Стар Завет

Нов Завет

Броеви (4 Moj.) 10:26-36 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

26. Фагеил, синот Ехранов, беше над војската на племето на Асировите синови;

27. а Ахиреј, синот Енанов, беше над војската на племето на Нефталимовите синови.

28. Таков беше редот на патувањето на Израелците, подредени во нивните чети. Така патуваа.

29. Мојсеј му рече на Јовав, син на Мадијамецот Рагуил, Мојсеевиот дедо: „Се запативме во крај за кој Господ рече: ‘Ќе ви го дадам!’ Тргни со нас, и ќе ти направиме добро, зашто Господ му вети среќа на Израел.”

30. „Не идам - му одговори - туку се враќам во својата земја, се враќам при своите.”

31. „Те молам, не нè оставај! - му рече. Бидејќи знаеш каде треба да се настаниме во пустината, ќе ни бидеш како очи.

32. Ако тргнеш со нас ќе ги делиме, со тебе, добрините што Господ ќе ни ги додели.”

33. Од Господовата Гора патуваа три дни одење. Ковчегот на Господовиот Завет одеше пред нив во текот на трите дни на одењето за да им побара место за починка.

34. Дење пак Господовиот облак беше над нив кога тргнуваа од логорот.

35. Кога тргнуваше Ковчегот, Мојсеј велеше: „Стани, Господи, и ќе се распрснат Твоите непријатели! Ќе избегаат пред Тебе, кои Те мразат!”

36. А кога застануваше, велеше: „Врати се, о, Господи, кон Израелевите илјади и десетиците илјади!”

Прочитајте целосна глава Броеви (4 Moj.) 10