Стар Завет

Нов Завет

Броеви (4 Moj.) 10:17-33 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

17. Потоа, откако беше разглобен Шаторот, Гирсоновците и Мерариевците тргнаа, носејќи го Шаторот.

18. Потоа тргна знамето на Рувимовиот логор, по нивните чети. Елисур, синот Седиуров, беше над нивната војска;

19. Селумил, синот Сурисадаев беше над војската на племето на Симеоновците;

20. Елисаф, синот Рагуилов беше над војската на племето на Гадовите синови.

21. Потоа тргнаа Каатовите синови носејќи го Светилиштето. Шаторот беше поставуван пред нивното доаѓање.

22. Тогаш тргна знамето на логорот на Ефремовите синови, по нивните чети. Елисам, синот Емиудов, беше над нивната војска;

23. Гамалил, синот Фадасуров, беше над војската на племето на Манасиевците;

24. Авидан, синот Гедеониев, беше над војската на племето на Венијаминовите синови.

25. Последно, како задна стража на сите логори, тргна знамето на логорот на Дановите синови, по нивните чети. Ахиезер, синот Амисадаев, беше над нивната војска;

26. Фагеил, синот Ехранов, беше над војската на племето на Асировите синови;

27. а Ахиреј, синот Енанов, беше над војската на племето на Нефталимовите синови.

28. Таков беше редот на патувањето на Израелците, подредени во нивните чети. Така патуваа.

29. Мојсеј му рече на Јовав, син на Мадијамецот Рагуил, Мојсеевиот дедо: „Се запативме во крај за кој Господ рече: ‘Ќе ви го дадам!’ Тргни со нас, и ќе ти направиме добро, зашто Господ му вети среќа на Израел.”

30. „Не идам - му одговори - туку се враќам во својата земја, се враќам при своите.”

31. „Те молам, не нè оставај! - му рече. Бидејќи знаеш каде треба да се настаниме во пустината, ќе ни бидеш како очи.

32. Ако тргнеш со нас ќе ги делиме, со тебе, добрините што Господ ќе ни ги додели.”

33. Од Господовата Гора патуваа три дни одење. Ковчегот на Господовиот Завет одеше пред нив во текот на трите дни на одењето за да им побара место за починка.

Прочитајте целосна глава Броеви (4 Moj.) 10