14. Знамето на логорот на Јудините синови, по нивните чети, тргна прво. Насон, синот Аминадавов, беше над нивната војска;
15. Натанаил, синот Суаров, беше над војската на племето на Исахаровците;
16. а Елијав, синот Хелонов, беше над војската на племето на Завулоновите синови.
17. Потоа, откако беше разглобен Шаторот, Гирсоновците и Мерариевците тргнаа, носејќи го Шаторот.
18. Потоа тргна знамето на Рувимовиот логор, по нивните чети. Елисур, синот Седиуров, беше над нивната војска;
19. Селумил, синот Сурисадаев беше над војската на племето на Симеоновците;
20. Елисаф, синот Рагуилов беше над војската на племето на Гадовите синови.
21. Потоа тргнаа Каатовите синови носејќи го Светилиштето. Шаторот беше поставуван пред нивното доаѓање.