Стар Завет

Нов Завет

Броеви (4 Moj.) 10:10-28 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

10. Трубите во труби во денот на вашите свечености, на вашите празници или на вашите млади месечини, додека ги принесувате вашите паленици и помирителни жртви. Тоа нека биде спомнување за вас пред вашиот Бог. Јас Сум Господ, ваш Бог.”

11. Во втората година, во вториот месец, во дваесеттиот ден на месецот, облакот се дигна над Шаторот на сведоштвото.

12. Тогаш Израелевите синови се запатија од Синајската Пустина на своите патувања. Облакот застана во пустината Фаран.

13. Така тргнаа за првпат според Господовата заповед дадена на Мојсеја.

14. Знамето на логорот на Јудините синови, по нивните чети, тргна прво. Насон, синот Аминадавов, беше над нивната војска;

15. Натанаил, синот Суаров, беше над војската на племето на Исахаровците;

16. а Елијав, синот Хелонов, беше над војската на племето на Завулоновите синови.

17. Потоа, откако беше разглобен Шаторот, Гирсоновците и Мерариевците тргнаа, носејќи го Шаторот.

18. Потоа тргна знамето на Рувимовиот логор, по нивните чети. Елисур, синот Седиуров, беше над нивната војска;

19. Селумил, синот Сурисадаев беше над војската на племето на Симеоновците;

20. Елисаф, синот Рагуилов беше над војската на племето на Гадовите синови.

21. Потоа тргнаа Каатовите синови носејќи го Светилиштето. Шаторот беше поставуван пред нивното доаѓање.

22. Тогаш тргна знамето на логорот на Ефремовите синови, по нивните чети. Елисам, синот Емиудов, беше над нивната војска;

23. Гамалил, синот Фадасуров, беше над војската на племето на Манасиевците;

24. Авидан, синот Гедеониев, беше над војската на племето на Венијаминовите синови.

25. Последно, како задна стража на сите логори, тргна знамето на логорот на Дановите синови, по нивните чети. Ахиезер, синот Амисадаев, беше над нивната војска;

26. Фагеил, синот Ехранов, беше над војската на племето на Асировите синови;

27. а Ахиреј, синот Енанов, беше над војската на племето на Нефталимовите синови.

28. Таков беше редот на патувањето на Израелците, подредени во нивните чети. Така патуваа.

Прочитајте целосна глава Броеви (4 Moj.) 10