Стар Завет

Нов Завет

Броеви (4 Moj.) 10:1-10 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. Господ му рече на Мојсеја:

2. „Направи си две труби; направи ги од ковано сребро. Нека ти служат за свикување на заедницата и за раздвижување на логорот.

3. Кога ќе се затруби со нив, сета заедница нека се собере кон тебе при влезот во Шаторот на средбата.

4. Ако се затруби во една, нека се соберат кон тебе Израелевите главатари, илјадниците.

5. Кога ќе го придружувате свирењето со бојни извици, нека тргнат логорите поставени на источната страна.

6. Кога ќе го придружувате свирењето со бојни извици по вторпат, нека тргнат логорите поставени на јужната страна: свирењето со труби нека биде придружено со бојни извици за да тргнат тие.

7. Трубете за да го соберете општеството, но без бојни извици.

8. Свештениците, синовите Аронови, нека трубат во трубите. Тоа нека ви биде вечен закон за вашите поколенија.

9. Кога во вашата земја ќе тргнете во војна против непријателот, што ќе ве притисне, затрубите во трубите со боен извик, и Господ, вашиот Бог, ќе се сети за вас, и ќе бидете избавени од вашите непријатели.

10. Трубите во труби во денот на вашите свечености, на вашите празници или на вашите млади месечини, додека ги принесувате вашите паленици и помирителни жртви. Тоа нека биде спомнување за вас пред вашиот Бог. Јас Сум Господ, ваш Бог.”

Прочитајте целосна глава Броеви (4 Moj.) 10