Стар Завет

Нов Завет

Броеви (4 Moj.) 1:6-19 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

6. Саламил, син Сурисадеев, од Симеоновото племе;

7. Насон, син Аминададов, од Јудиното племе;

8. Натанаил, син Согаров, од Исахаровото племе;

9. Елијав, син Хелонов, од Завулоновото племе.

10. Од Јосифовите синови: Елисам, син Емиудов; од Ефремовото племе; Гамалиил, син Фадасуров, од Манасиевото племе;

11. Авидан, син Гадеониев, од Венијаминовото племе;

12. Ахизер, син Амисадаев, од Дановото племе;

13. Фагаел, син Ехранов од Асировото племе;

14. Елисав, син Деуелов од Гадовото племе;

15. Ахиреј, син Енанов, од Нефталимовото племе.”

16. Тоа беа избраниците од општеството, владетели на нивните татковски племиња и главатари на Израелевите илјадници.

17. Тогаш Мојсеј и Арон ги зедоа тие луѓе кои беа одредени по име,

18. па ја свикаа целата заедница во првиот ден на вториот месец. Тогаш во пописот, според родовите и семејствата по ред, беше внесуван бројот на личностите повозрасни од дваесет години, еден по еден.

19. Како што Господ му нареди на Мојсеја, така тој ги изброја во Синајската Пустина.

Прочитајте целосна глава Броеви (4 Moj.) 1