Стар Завет

Нов Завет

Броеви (4 Moj.) 1:5-18 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

5. Ова се имињата на луѓето кои ќе ви помагаат: Елисур, син Седиуров, од Рувимовото племе;

6. Саламил, син Сурисадеев, од Симеоновото племе;

7. Насон, син Аминададов, од Јудиното племе;

8. Натанаил, син Согаров, од Исахаровото племе;

9. Елијав, син Хелонов, од Завулоновото племе.

10. Од Јосифовите синови: Елисам, син Емиудов; од Ефремовото племе; Гамалиил, син Фадасуров, од Манасиевото племе;

11. Авидан, син Гадеониев, од Венијаминовото племе;

12. Ахизер, син Амисадаев, од Дановото племе;

13. Фагаел, син Ехранов од Асировото племе;

14. Елисав, син Деуелов од Гадовото племе;

15. Ахиреј, син Енанов, од Нефталимовото племе.”

16. Тоа беа избраниците од општеството, владетели на нивните татковски племиња и главатари на Израелевите илјадници.

17. Тогаш Мојсеј и Арон ги зедоа тие луѓе кои беа одредени по име,

18. па ја свикаа целата заедница во првиот ден на вториот месец. Тогаш во пописот, според родовите и семејствата по ред, беше внесуван бројот на личностите повозрасни од дваесет години, еден по еден.

Прочитајте целосна глава Броеви (4 Moj.) 1