Стар Завет

Нов Завет

Броеви (4 Moj.) 1:15-22 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

15. Ахиреј, син Енанов, од Нефталимовото племе.”

16. Тоа беа избраниците од општеството, владетели на нивните татковски племиња и главатари на Израелевите илјадници.

17. Тогаш Мојсеј и Арон ги зедоа тие луѓе кои беа одредени по име,

18. па ја свикаа целата заедница во првиот ден на вториот месец. Тогаш во пописот, според родовите и семејствата по ред, беше внесуван бројот на личностите повозрасни од дваесет години, еден по еден.

19. Како што Господ му нареди на Мојсеја, така тој ги изброја во Синајската Пустина.

20. Кога беше утврдено Рувимовото потомство, на Израелевиот првенец, по неговите родови и семејства, ги запишаа глава по глава имињата на сите машки од дваесет години нагоре, на сите способни за борба.

21. Преброените од Рувимовото племе беа четириесет и шест илјади и пет стотини.

22. Беа избројани Симеоновите потомци по нивните родови и семејства: беа избројани, глава по глава, имињата на сите машки од дваесет години нагоре, на сите способни за борба.

Прочитајте целосна глава Броеви (4 Moj.) 1