Стар Завет

Нов Завет

Броеви (4 Moj.) 1:1-14 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. Во Синајската Пустина, во Шаторот на средбата, Господ му рече на Мојсеја, во првиот ден на вториот месец, во втората година по излегувањето од Египетската Земја:

2. „Извршете попис на целата израелска заедница по родови и по семејства, наведувајќи ги имињата на сите машки, глава по глава.

3. Од дваесет години нагоре, способните за борба во Израел, ти и Арон, избројте ги според нивните единици.

4. Со вас нека биде по еден човек од секое племе, главатар на својот прадедовски дом.

5. Ова се имињата на луѓето кои ќе ви помагаат: Елисур, син Седиуров, од Рувимовото племе;

6. Саламил, син Сурисадеев, од Симеоновото племе;

7. Насон, син Аминададов, од Јудиното племе;

8. Натанаил, син Согаров, од Исахаровото племе;

9. Елијав, син Хелонов, од Завулоновото племе.

10. Од Јосифовите синови: Елисам, син Емиудов; од Ефремовото племе; Гамалиил, син Фадасуров, од Манасиевото племе;

11. Авидан, син Гадеониев, од Венијаминовото племе;

12. Ахизер, син Амисадаев, од Дановото племе;

13. Фагаел, син Ехранов од Асировото племе;

14. Елисав, син Деуелов од Гадовото племе;

Прочитајте целосна глава Броеви (4 Moj.) 1