Стар Завет

Нов Завет

Битие (1 Moj.) 9:19-29 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

19. Тројцава беа Ноеви синови и од нив се насели целиот свет.

20. А Ное почна да ја обработува земјата и посади лозје.

21. Се напи вино и се испијани, па се разголи во својот шатор.

22. Хам, прататкото на Ханаанците, го виде разголениот татко и им го кажа тоа на своите двајца браќа надвор.

23. А Сим и Јафет зедоа наметка, па ја префрлија преку своите раменици и одејќи назадечки ја покрија со неа, татковата голота. Лицата им беа свртени на другата страна, така што не го видоа татка си гол.

24. Кога Ное се отрезни од виното и дозна што му направи најмладиот син,

25. рече: „Проклет да е Ханаан, и да им биде слуга на своите браќа!”

26. Тогаш продолжи: „Благословен да е Господ, Симовиот Бог, а Ханаан ќе му биде слуга!

27. Бог нека го рашири Јафета, аа да живее во Симовите шатори, Ханаан нека му е слуга!”

28. А по потопот Ное поживеа триста и педесет години.

29. Ное живееше вкупно девет стотини и педесет години; и почина.

Прочитајте целосна глава Битие (1 Moj.) 9