Стар Завет

Нов Завет

Битие (1 Moj.) 9:19-23 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

19. Тројцава беа Ноеви синови и од нив се насели целиот свет.

20. А Ное почна да ја обработува земјата и посади лозје.

21. Се напи вино и се испијани, па се разголи во својот шатор.

22. Хам, прататкото на Ханаанците, го виде разголениот татко и им го кажа тоа на своите двајца браќа надвор.

23. А Сим и Јафет зедоа наметка, па ја префрлија преку своите раменици и одејќи назадечки ја покрија со неа, татковата голота. Лицата им беа свртени на другата страна, така што не го видоа татка си гол.

Прочитајте целосна глава Битие (1 Moj.) 9