Стар Завет

Нов Завет

Битие (1 Moj.) 9:13-24 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

13. Го сместувам Мојот божилак во облакот, За да биде залог за Заветот, Меѓу Мене и земјата.

14. Кога ќе дотерам облаци над земјата, А божилакот се појави во облакот,

15. Ќе си спомнам за Својот Завет, За Заветот меѓу Мене и вас И секое живо суштество: И потоп повеќе нема да има, За да го истреби секое суштество.

16. Кога божилакот ќе се појави во облакот, Јас ќе го видам И ќе си спомнам за вечниот Завет Меѓу Бога и секоја жива душа, И секое тело на земјата.”

17. И Бог му рече на Ное: „Тоа нека е знак на Заветот, што го склучив меѓу Себе и сите живи суштества на земјата.”

18. Ноевите синови, што излегоа од бродот, беа: Сим, Хам и Јафет. А Хам е прататко на Ханаанците.

19. Тројцава беа Ноеви синови и од нив се насели целиот свет.

20. А Ное почна да ја обработува земјата и посади лозје.

21. Се напи вино и се испијани, па се разголи во својот шатор.

22. Хам, прататкото на Ханаанците, го виде разголениот татко и им го кажа тоа на своите двајца браќа надвор.

23. А Сим и Јафет зедоа наметка, па ја префрлија преку своите раменици и одејќи назадечки ја покрија со неа, татковата голота. Лицата им беа свртени на другата страна, така што не го видоа татка си гол.

24. Кога Ное се отрезни од виното и дозна што му направи најмладиот син,

Прочитајте целосна глава Битие (1 Moj.) 9