Стар Завет

Нов Завет

Битие (1 Moj.) 9:1-5 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. Тогаш Бог ги благослови Ное и неговите синови и им рече: „Плодете се и множете се и наполнете ја земјата.

2. Нека се плашат и нека треперат од вас сите животни на земјата, сите птици во воздухот,

3. сè што се движи и живее нека ви биде за храна; ви дадов сè како што ви ја дадов зелената трева.

4. Само не јадете го месото со неговиот живот, односно со неговата крв.

5. А за вашата крв, за вашиот живот, ќе барам сметка: ќе ја барам од секое животно; и од човекот за неговиот брат; ќе барам сметка за човечкиот живот.

Прочитајте целосна глава Битие (1 Moj.) 9