Стар Завет

Нов Завет

Битие (1 Moj.) 9:1-11 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. Тогаш Бог ги благослови Ное и неговите синови и им рече: „Плодете се и множете се и наполнете ја земјата.

2. Нека се плашат и нека треперат од вас сите животни на земјата, сите птици во воздухот,

3. сè што се движи и живее нека ви биде за храна; ви дадов сè како што ви ја дадов зелената трева.

4. Само не јадете го месото со неговиот живот, односно со неговата крв.

5. А за вашата крв, за вашиот живот, ќе барам сметка: ќе ја барам од секое животно; и од човекот за неговиот брат; ќе барам сметка за човечкиот живот.

6. Кој пролее човечка крв, Човек ќе ја пролее неговата крв! Зашто Бог го создаде човекот Според Својот образ.

7. А вие, плодете се и множете се, наполнете ја земјата и подложете ја под себе!”

8. Уште Бог им рече на Ное и на неговите синови, со него:

9. „Еве, Јас го склучувам Својот Завет со вас и со вашето потомство, после вас,

10. и со сите живи суштества што се со вас: со птиците, со добитокот, со ѕверовите, - со сè што излезе, со вас од бродот - со сите живи суштества на земјата.

11. Го поставувам Својот Завет со вас, така што никогаш повеќе потопните води нема да ги уништат живите суштества, ниту пак некогаш потопот ќе ја опусти земјата.

Прочитајте целосна глава Битие (1 Moj.) 9