Стар Завет

Нов Завет

Битие (1 Moj.) 8:13-20 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

13. Во шест стотини и првата година на Ноевиот живот, во првиот месец, на првиот ден на месецот, водата пресуши на земјата. Ное го дигна покривот на бродот и погледна, и ете, површината на земјата беше окопнета.

14. А во вториот месец, во седумнаесеттиот ден на месецот, земјата беше сува.

15. Тогаш Бог му рече на Ное:

16. „Излезете од бродот: ти, твојата жена, твоите синови и твоите снаи со тебе.

17. Изведи ги, со себе, сите живи суштества, сите созданија што се со тебе: птиците, добитокот и сите лазачи, што ползат по земјата; нека се разотидат по земјата, нека се плодат и нека се множат на земјата.”

18. И Ное излезе, а со него и: неговите синови, неговата жена и неговите снаи.

19. И сите животни, сите лазачи, сите птици - сите созданија што се движат по земјата - излегоа од бродот, вид по вид.

20. И Ное Му изгради жртвеник на Господа; зеде од секое чисто животно и од секоја чиста птица и принесе на жртвеникот жртви паленици.

Прочитајте целосна глава Битие (1 Moj.) 8