Стар Завет

Нов Завет

Битие (1 Moj.) 8:1-10 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. Тогаш Господ си спомна за Ное, за сите ѕверови и за сиот добиток што беше со него во бродот, па го раздвижи ветерот над земјата, за да ја отстрани водата.

2. Изворите на бездната и небесните брани се затворија, и дождот од небото запре.

3. Водите се повлекуваа бавно од земјата. По сто и педесет денови водите стивнаа,

4. а во седмиот месец, во седумнаесеттиот ден на месецот, бродот застана на горите на Арарат.

5. Водите намалуваа непрекратно до десеттиот месец, а на првиот ден на десеттиот месец се покажаа планинските врвови.

6. Кога поминаа четириесет денови, Ное го отвори прозорецот, што го имаше направено на бродот;

7. и пушти гавран, што постојано одлетуваше и долетуваше, додека водите не се исушија од земјата.

8. Потоа пушти гулаб, за да види дали ја снема водата од земјата.

9. Но гулабот не најде место за своите нозе и се врати при него, во бродот, зашто водата ја покриваше целата земна површина; тој ја испружи раката, го фати гулабот и го внесе кај себе, во бродот.

10. И почека уште седум дена, пак го испрати гулабот од бродот.

Прочитајте целосна глава Битие (1 Moj.) 8